27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПознатата актерка сака да ја посети Македонија поради филмот "Пред дождот"

Познатата актерка сака да ја посети Македонија поради филмот “Пред дождот”

Актерката Глен Клоуз би ја посетила Македонија поради филмот „Пред дождот“ на режисерот, Милчо Манчевски.

Во промотивно видео по повод доделувањето на највисоките филмски признанија, Клоуз беше прашана кој филм ја инспирира да посака да посети некоја земја.

„Постои филм што се вика „Пред дождот“ и е снимен во Македонија. Очигледно е многу стар. Многу работи се случувале таму. Никогаш нема да го заборавам“, рече Клоуз.

Филмот на Манчевски во 1994 година беше номиниран за Оскар. Своевремено ја доби и престижната награда Златен лав за најдобар филм на фестивалот во Венеција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП