7 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЗабраната на TikTok во Америка се поблиску?

Забраната на TikTok во Америка се поблиску?

Американскиот претседател Џозеф Бајден го поддржа законодавството што може да доведе до забрана на TikTok во САД и додаде дека ќе го потпише предложениот закон доколку Конгресот го усвои.

Нацрт-законот беше едногласно одобрен од Комитетот за енергија и трговија на Претставничкиот дом на САД, пренесе АП.

Нацрт-законот ја повикува кинеската компанија ByteDance да се откаже од сопственоста на TikTok или ќе се соочи со забрана од САД, се вели во него.

Претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Мајк Џонсон, исто така, го поддржува законот и посочи дека наскоро ќе се гласа во Долниот дом на американскиот Конгрес.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, веројатниот републикански претседателски кандидат, претходно изјави дека е против забраната на TikTok бидејќи, како што наведе, тоа ќе и помогне на ривалската платформа – Facebook.

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) претходно предупреди дека постои ризик сопственикот на TikTok, ByteDance, да ги споделува приватните податоци на корисниците со кинеската влада, но лидерите на платформата ги отфрлија обвинувањата, додавајќи дека тоа нема да го сторат дури и ако праша.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП