28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛани профитот на „Роснефт“ скокна за речиси 50%

Лани профитот на „Роснефт“ скокна за речиси 50%

„Роснефт“, најголемата руска нафтена компанија, извести за 47,2% зголемување на нето добивката (која им се припишува на акционерите според руските сметководствени стандарди) на 1,27 трилиони рубљи (13,7 милијарди долари).

Од податоците е јасно дека во 2022-ра година добивката била 861 милијарда рубљи, што е ревидирана со приходите од надоместоците од проектот „Сахалин 1“.

Севкупно, приходите на компанијата во 2023-та година се зголемија за 1,3% на 9,16 трилиони рубљи.

Според оценката на директорот на компанијата, Игор Сечин, причина за значителното зголемување на добивката лани била строгата контрола на трошоците, како и подобрувањето на ефикасноста на работата на депозитите. Единечната цена на екстракција на јаглеводороди на крајот на 2023-та година е намалена на 2,6 долари за барел нафтен еквивалент, додаде директорот.

Во 2023-та година, „Роснефт“ произведе речиси 270 милиони тони еквивалент на нафта, како и рекордни 92,7 милијарди кубни метри природен гас. Во финансискиот извештај за 2022-ра година, беше забележано дека компанијата произведува 5,1 милиони барели еквивалент на нафта дневно, а производството на природен гас достигна 74,4 милијарди кубни метри.

Компанијата ја намалува преработката на нафта – за 6,8% на 88 милиони тони, со раст на продажбата на домашниот пазар за 3% на уште 42,4 милиони тони нафтени деривати, вклучувајќи 13 милиони тони бензин и 17,2 милиони тони дизел, објавија и од прес-центарот на „Роснефт“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП