1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовата иновација на Samsung

Новата иновација на Samsung

samsung oko

Откако ширењето на сензорите за отпечатоци кај мобилните телефони започна да станува тренд, од „Samsung“ веќе се подготвени и со друга иновација, или така барем тврди веста која излезе од вработените во компанијата.

Откако претходно ги видовме сензорите во последните паметни телефони на „Apple“ и „HTC“, сега од јужнокорејската компанија се на пат да предложат скенер за ретината, со што, според зборовите на изворот, се цели да бидат понапред со еден чекор од останатите.

Прв ваков модел можеби ќе е новиот „Galaxy S5“, кој се очекува во почетокот на следната година. Во „Samsung“ веќе имаат голем број на патенти и развиени технологии во врска човечкото око и во досегашните модели.

Според изворот од компанијата, новиот скенер ќе му овозможи на корисникот да е сигурен дека само тој го користи својот мобилен телефон и декна нема да може да биде пробиен, како што тоа веќе се покажа кај скенерите за отпечатоци. Човечкото око е уникатно, дури повеќе и од отпечатоците, освен тоа, за да се скенира треба да е тридимензионално – нешто што нема да може да се направи со слика на корисникот, дури и таа да е направена одблизу.

Меѓу останатите откритија за „Samsung Galaxy S5“ е дека тој ќе работи со 64-битен процесор „Exynos 6“ со јадрото „Cortex – A53 и A57“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП