30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоја македонска банка најмногу кредитирала во 2023 година

Која македонска банка најмногу кредитирала во 2023 година

Според податоците на Народната банка за банкарскиот сектор во земјата за 2023 година, Стопанска банка АД Скопје е банката која најмногу ги кредитира граѓаните, односно домаќинствата.

Така, од вкупните кредити на Стопанска банка Скопје, 57,9 милијарди денари се кредити одобрени на домаќинствата, а 36,3 милијарди денари се кредити одобрени на нефинансискиот сектор односно приватните компании.

НЛБ Банка е втората банка која што одобрила повеќе кредити на домаќинствата и тоа на износ од 51,6 милијарди денари, а 26,2 милијарди денари на приватните компании.

Шпаркасе банка се најде на третото место со износ за домаќинствата од 30,4 милијарди денари и на приватните компании 36,9 милијарди денари.

Халк Банка АД Скопје ги кредитира домаќинствата во износ од 26,2 милијарди денари, а приватните компании 37,3 милијарди денари.

Комерцијална банка одобрила 23,9 милијарди денари на домаќинствата и 37,6 милијарди денари на приватните компании.

Уни Банка со износ од 12,7 милијарди денари за домаќинствата, Централна кооперативна банка со износ од 6,8 милијарди денари, ТТК Банка со 3,4, Силк Роуд банка со износ од 3,8 милијарди денари за домаќинствата се банки кои што повеќе ги кредитираат домаќинствата отколку приватните компании.

Стопанска банка Битола одобрила 3,6 милијарди денари на домаќинствата и 2,7 милијарди на приватните компании.

Прокредит банка е банка која е повеќе насочена кон приватните компании. Таа одобрила 4,8 милијарди денари на домаќинствата и 26,1 милијарди денари на приватните компании.

Капитол банка одобрува 731 милиони денари кредити на домаќинствата и 1,1 милијарди денари на приватните компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП