2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДеби на новиот „Maserati GranCabrio“ (ФОТО)

Деби на новиот „Maserati GranCabrio“ (ФОТО)

Италијанскиот производител на автомобили претстави уште еден нов модел.

Како што велат во „Maserati“, новиот „GranTurismo“ е автомобил „посветен на возачите кои бараат највисоко ниво на стил, перформанси и удобност“.

Достапен во верзијата „Trofeo“ со 6-цилиндричен трилитарски твин-турбо „Nettuno“ мотор од 542 ks, новиот кабриолет е целосно произведен во Италија и има специјално дизајнирани компоненти, како и најдобрите материјали по кои е познат „Maserati“, дополнително го подобрува уживањето во возењето.

Покривот, кој е достапен во пет различни бои, е изработен од ткаенина и зафаќа исклучително малку простор кога автоматски се „спакува“ во багажникот за само 14 секунди, што може да се направи дури и кога автомобилот се движи со брзина поголема до 50 km/h.

Новиот „Maserati GranCabrio“ ја продолжува успешната приказна која трае повеќе од 60 години. Имено, кабриолет верзијата на првиот спортски автомобил на „Maserati“, „3500 GT“, беше претставена на саемот во Женева во 1959-та година.

Производителот тврди дека во случајот на новиот „GranCabrio“, атрактивниот дизајн и ексклузивните елементи се совршено споени со врвната технологија.

За подобра удобност на патниците, обезбедени се бројни функции и содржини, како што е механизам за загревање на вратниот дел од седиштето за возачот и совозачот со три нивоа на интензитет во стандардната опрема.

Дополнителен додаток за заштита од ветер е опционално достапен, кој го намалува создавањето турбуленции во патничкиот простор и ви овозможува да уживате во најдобрата аеродинамика на возилото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП