4 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАНаближува сезоната за чистење оџаци – еве колку наплаќааат професионалците

Наближува сезоната за чистење оџаци – еве колку наплаќааат професионалците

Како што се наближува пролетта, така се отвора и сезоната на темелното чистење. Граѓаните се подготвуваат за сончевите денови и топлите ноќи, а еден од најважните делови на тоа чистење е оџакот.

Професионален оџачар од Скопје, Јован Вренцов, објаснува дека пролетта е идеалниот период за чистење на оџаците.

„Секоја сезона имаме многу работа, но пикот на повици се достигнува во пролетните месеци, почнувајќи од април-мај. Луѓето се подготвуваат за летото и сакаат нивните оџаци да бидат безбедни, чисти и функционални за следната зима”, ни изјави Вренцов.

Цената за чистење на оџак, посочува тој, зависи од локацијата и од типот на оџакот.

„Во просек, професионалното чистење оџак изнесува околу 800 денари. Оваа инвестиција е многу важна, бидејќи редовното чистење на оџакот не само што го одржува во добра состојба, туку и го намалува ризикот од пожар. Секој дом или бизнис има свои специфични потреби. Ние постојано се обидуваме да ги задоволиме потребите на нашите клиенти и да им обезбедиме безбеден и чист оџак. Со пролетта во полн цут, не заборавајте да го вклучите и оџакот во вашето темелно чистење. Вашиот дом ќе ви биде благодарен“, порачува оџачарот.

Градските власти објаснуваат дека спроведуваат голем број мерки во насока на намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух, каде што како една од причините е затоплувањето на домовите.

Оттаму брифираат дека заинтересираноста за овој јавен повик отсекогаш била ниска.

Изминатите неколку години Град Скопје распишуваше јавни повици за доделување субвенции за чистење на оџаците на домовите на граѓаните.

„Генерално, заинтересираноста за оваа мерка беше ниска, не бевме задоволни од резултатите и затоа секоја недела ги потсетувавме граѓаните за поволностите од користењето на мерката – брифираат вработени во Град Скопје.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП