8 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНајлесниот Ultrabook доаѓа од NEC

Најлесниот Ultrabook доаѓа од NEC

nec

Под името „LaVie Z LZ750/NS“, „NEC“ го најави најлесниот „ultrabook“ кој со батеријата би требало да тежи максимални 795 грама.

До така малата тежина тие дојдоа со комбинираните материјали, како што е магнезиумот, при изработката на куќиштето.

Уредот има 13-инчен екран на „Sharp WQHD IGZO“ со резолуција од 2560×1440, кој е чувствителен на допир. Овој „ultrabook“ работи на процесорот „Core i7-4500“ со 1,8 GHz, а за брзото работење на апликациите и самиот состав се грижи работната меморија од 4GB и вградената графика на „Intel“ – „HD4000“. Како оперативен систем е употребен „Windows 8.1“, додека со вградената батерија може непрекинато да се работи до 9 часа.

Службеното претставување на уредот ќе биде во текот на следниот месец во Јапонија, па најверојатно тогаш ќе биде позната и цената по која ќе се продава овој  уред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП