28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ Србија ќе ни ги „краде“ вредните работници – Отворен Балкан би...

И Србија ќе ни ги „краде“ вредните работници – Отворен Балкан би можел да нè дотолчи

Србија очекува да привлече огромна работна сила од Македонија и од Албанија.

Нашиот северен сосед се подготвува да им ја отвори вратата на работниците од Македонија и од Албанија, со цел да привлече квалитетна работна сила и да ја засили својата економија.

Оваа иницијатива е резултат на Отворен Балкан, кој овозможува слободен пристап до пазарот на труд помеѓу земјите на Западен Балкан.

Српскиот вицепремиер и министер за финансии, Синиша Мали, на Бизнис форумот во Копаоник објави дека од денеска започнува аплицирањето за отворениот пазар на труд. Очекувањата се дека Србија ќе има најголеми придобивки од оваа иницијатива.

Имплементацијата на системот за заеднички работни дозволи помеѓу Србија, Македонија и Албанија официјално ќе започне од денеска – 05 март 2024 година.

Граѓаните кои сакаат да аплицираат за работа во некоја од овие земји ќе треба да извадат идентификациски број за Отворен Балкан (OB ID).

Процедурата вклучува креирање на електронски идентитет на националниот Портал за е-управа, а потоа поднесување на барање за слободен пристап до пазарот на труд. Одговорот ќе биде даден во рок од 30 дена.

Србија, Македонија и Албанија се надеваат дека оваа иницијатива ќе придонесе за подобро економско соработување во регионот.

Најголемиот број луѓе се очекува да го најдат своето решение и да си ја остварат желбате да работат во Србија, Македонија или Албанија, во зависност од нивните потреби и вештини.

„Многу сум возбуден. Одамна планирам да се преселам во Србија и да започнам нова работна авантура. Оваа иницијатива за слободен пристап до пазарот на труд помеѓу Македонија и Србија е извонредна можност за мене. Се надевам дека ќе можам да придонесам со своите вештини и знаење во српската економија и заедничкиот напредок на регионот“, коментира еден од идните кадри што ќе ни ги „украде“ северниот сосед.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП