28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Enigma“ која ја менува формата (ФОТО/ВИДЕО)

„Enigma“ која ја менува формата (ФОТО/ВИДЕО)

„Pininfarina“ претстави нов хибриден електричен концепт автомобил, кој ја менува формата по потреба.

„Enigma GT“ има „AR“ (Augmented Reality) шофершајбна и прозорци кои се креваат двојно како врати на автомобилот.

Може да ги приспособи деловите од телото на различни услови, така што при поголеми брзини „Enigma GT“ суптилно ја менува формата за да биде аеродинамичен и да го намали отпорот на воздухот.

Се очекува да има максимална брзина од 250 km/h, забрзување од 0 до 100 km/h за околу четири секунди и капацитет на батеријата од 10 kWh.

Може да седат до четири лица и има централен распоред на моторот на задниот дел како класично „Ferrari“. Се напојува со водород и е поврзан со електричен мотор на предната оска.

Треба да се напомене дека овој автомобил засега е само на виртуелно дизајнерско студио – но компанијата планира дополнително да го развие концептот за својата 95-годишнина во 2025-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП