Додека го очекуваме јулското деби на следната генерација на „Panda“, „Fiat“ ја претстави „Pandina“ – нова верзија на постоечкиот модел засилена со пакет „ADAS“ и дигитална контролна табла.
Покрај тоа, италијанската марка потврди дека „Panda“ ќе продолжи да се произведува во „Pomiljano d’Arco“ најмалку до 2027-ма година.
„Fiat Pandina“ е најновата варијанта на третата генерација на „Panda“ која е во голема мера непроменета од нејзиното деби во 2011-та година. Во текот на годините овој автомобил доби блага хибридна технологија, подобрен инфо-систем, но новото ажурирање е фокусирано на додавање технички и безбедносни карактеристики.
„Pandina“ е наречена „најбезбедната „Panda“ досега“, но всушност е основен пакет „ADAS“, како што налагаат безбедносните прописи на Европската унија.
Стандардна опрема вклучува напредно итно сопирање, помош за задржување во лента, детекција на поспаност кај возачот и препознавање на сообраќајни знаци, овозможени од новата камера на шофершајбната.
Нив ги спојуваат автоматски долги светла, темпомат, задни сензори за паркирање и вкупно шест воздушни перничиња.
Внатрешноста на „Pandina“ е надградена со нова дигитална инструмент табла која има три различни графички режими. Ова е комбинирано со инфозабавен екран (7 инчи), бела маска на контролната табла и малку редизајниран волан.
Продажбата на новата „Fiat Pandina“ ќе започне на големите европски пазари во летото 2024-та година, што се совпаѓа со дебито на следната генерација. Ова би можело да биде причината зошто „Fiat“ избра ново име за стариот модел, за да постојат и двата во исто време.