Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување – МАПАС, продолжува континуирано со своите едукативни активности за младите и во текот на месец март и Глобалната недела на парите 2024, во соработка заедно со пензиските друштва КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво ад. Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје ќе спроведат повеќе активности за подигање на финансиската свесност за потребата од континуирана финансиска едукација со цел носење на правилни финансиски одлуки и успешно управување со личните финансии и фамилијарниот буџет. Високата финансиска свесност е основа за носење на правилни финансиски одлуки кои влијаат на квалитетот на животот и обезбедување на финансиска сигурноста и посигурни пензионерски денови во иднина. Познавањето на предностите на долгорочно штедење и правилното инвестирање е клучот на сигурност во иднината и за тоа, нашата цел е насочена кон едукација на граѓаните но и младите од најрана возраст за придобивките и можностите на задолжителното и доброволното капитално финансирано пензиско осигурување.
Едукативната кампања на тема “Заштити ги твоите пари, обезбеди ја твојата иднина” се фокусира на потребата од подигање на свесноста за правилното планирање и долгорочното штедење на личните финансии уште од најрана возраст и јакнење на свесноста за обезбедување на посигурни пензионерски денови.

