Министерството за внатрешни работи информира дека од вчера е воведена уште една нова секција на веб-страницата https://termin.mvr.gov.mk/, која има цел да придонесе кон побрзо закажување термин за фотографирање за лични документи.
Имено, во оваа секција наречена „Поднеси барање за термин“ граѓаните го внесуваат својот матичен број, телефон за контакт и избираат за кој документ би сакале да закажат термин.

