2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Rolex“ бележи поголем профит од неговите 5 најголеми конкуренти заедно

„Rolex“ бележи поголем профит од неговите 5 најголеми конкуренти заедно

Според извештајот на „Morgan Stanley“, продажбата на „Rolex“ за прв пат надмина 10 милијарди долари бидејќи водечкиот швајцарски бренд за часовници го зголеми својот удел на пазарот.

Компанијата произведе 1,24 милиони часовници во 2023-та година со продажба од 10,1 милијарди швајцарски франци (11,5 милијарди долари). Тоа е за 11 отсто повеќе од 2022-ра година, велат аналитичарите на „Morgan Stanley“, додавајќи дека сегашното ниво на пазарен удел на „Rolex“ е „без преседан“.

Производителот на моделите „Daytona“, „Submariner“ и „Datejust“ го зголеми својот удел на малопродажниот пазар на над 30%. Пред оваа година, добро платените купувачи беа заинтересирани за часовници произведени од женевската компанија, која е контролирана од добротворна фондација именувана по основачот Ханс Вилсдорф. Поевтиниот бренд на часовници „Tudor“, кој е во сопственост на истиот фонд, има продажба од околу 620 милиони долари во 2023-та година.

„Ниту еден друг луксузен бренд не може да има таква доминантна позиција во соодветниот сектор“, пишуваат аналитичарите на „Morgan Stanley“ во својот извештај.

„„Rolex“ останува неприкосновен број 1 во индустријата за луксузни часовници со поголема продажба од следните пет брендови: „Cartier“, „Omega“, „Audemars Piguet“, „Patek Philippe“ и „Richard Mille“ заедно“, велат тие.

Извештајот покажува дека продажбата на луксузни часовници во Швајцарија и понатаму е доминирана од неколку марки со годишна продажба над 1 милијарда франци. „Vacheron Constantin“, историската компанија контролирана од „Richemont“, се приклучува на елитниот клуб од продажба од 1 милијарда франци за прв пат во 2023-та година.

На другиот крај од спектарот, „Swatch Group AG“ продаде повеќе од 2 милиони „MoonSwatch“ часовници во 2023-та година и вкупно околу 5,8 милиони по просечна цена од 141 франци. Во голема мера поради успехот на „MoonSwatch“, создаден во соработка со „Omega“, „Swatch“ е најбрзо растечки бренд за часовници втора година по ред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП