26 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Рамка за помош“ на НЛБ, повик за проекти за подобро општество

„Рамка за помош“ на НЛБ, повик за проекти за подобро општество

Во ерата во која корпоративната одговорност е повеќе од филантропија, регионалната иницијатива на НЛБ Групацијата, „Рамка за помош“, е доказ за еволутивниот пристап на финансиските институции во поттикнување одржлив развој и социјална благосостојба. Оваа уникатна кампања на НЛБ е повик за акција за малите и средните претпријатија, индивидуалните трговци и приватните претприемачи да излезат со иновативни решенија за надминување одредени општествените предизвици.

Со фонд од 100.000 евра наменети за трите најдобри регионални идеи за подобро општество, НЛБ Групацијата инвестира во иднината. Под слоганот „Градиме подобро општество“, иницијативата се стреми да ги решава итните социјални прашања, системските нееднаквости и благосостојбата на поединците преку одржливи деловни практики и иновативни решенија.

Во последните години, посветеноста на НЛБ Групацијата за одржлив развој е непоколеблива што се отсликува во сите деловни одлуки на групацијата – решенијата за клиентите, грижата за вработените, придонесот во заедницата. Во контекст на ова, Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Групацијата Блаж Бродњак, нагласувајќи ја важноста да се биде пример во регионот често истакнува: „Свесни сме за нашата одговорност и сакаме да бидеме лидери преку пример, поради што отвораме и промовираме прашања за одржливост во регионот со проекти како „Рамката за помош“.

Годинава, фокусот е ставен на социјални прашања. Заинтересираните страни треба да ги достават своите одржливи идеи со социјално влијание преку едноставен он-лајн формулар на веб-страницата на НЛБ Банка до 10 март 2024 година. Локална комисија ќе ги избере 10-те најдобри одржливи идеи од Македонија, наградувајќи ги со посебни бенефиции, средства и медиумска поддршка..

Добитниците од Македонија ќе им се придружат на 60-те регионални финалисти, од кои жири составено од меѓународни експерти ќе ги избере тројцата победници. Овие победници го делат фондот од 100.000 евра за реализација на своите идеи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП