5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNetflix веројатно повторно ќе поскапи

Netflix веројатно повторно ќе поскапи

Netflix најверојатно ќе ги зголеми цените на претплатни пакети и оваа година, што би можело да го забрза растот на неговите приходи и профит.

Имено, минатиот октомври Netflix ја зголеми цената на основната претплата од 9,99 долари на 11,99 долари месечно во САД, а корекција на цената е направена и за пазарот во Велика Британија и Франција. Иако се уште не е официјално објавено, извршните директори на компанијата изјавија дека е можно ново поскапување.

Ко-основачот на компанијата Грег Питерс неодамна објави дека минатата година Netflix „го одложил зголемувањето на цената“ додека вовел програма за споделување на сметки со плаќање.

„Сметавме дека тоа е форма на замена за поскапувањата. Сега, кога го отфрливме тоа, можеме да продолжиме со нашиот вообичаен пристап кон зголемувањата на цените. И за зголемувањето на цените, сте виделе како го правиме тоа во САД, Велика Британија и Франција. Таа промена помина подобро отколку што очекувавме“, изјави Питерс за Variety, додавајќи:

„Ние ќе продолжиме да ги следиме другите земји и ќе се обидуваме да процениме кога испорачавме доволно дополнителна вредност за забава за да ги замолиме нашите корисници да платат малку повеќе за да го одржат тој позитивен механизам и да останат способни да инвестираат во производство на одлични филмови, серии и игри за претплатници“.

Минатата година Netflix достигна дури 29,5 милиони нови претплатници и со тоа ја збриша конкуренцијата, која се бори да ги задржи постоечките, а камоли да добие нови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП