22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Зелен“ автомобил на годината нема да биде електрично возило!

„Зелен“ автомобил на годината нема да биде електрично возило!

zelena

Титлутата „зелен“ автомобил на годината (Green Car of the Year) ќе биде доделена во ноември, на саемот во Лос Анџелес, а интересно е што во потесниот избор на кадидатите за ова призание, нема ниту еден електричен автомобил.

Наместо електричните возила, на листата која брои пет кандидати присутни се два модели со дизел мотори „Audi A6 TDI“ и „BMW 328D“. Покрај нив, во потесниот избор се најдоа и новата „Mazda 3“, како и најновата генерација на моделот „Toyota Corolla“ во „Eco“ верзија.

Единственото возило со хибриден погон кој конкурира за призанието „зелен“ автомобил на годината е „Honda Accord Hybrid“.

Изборот за „зелен“ автомобил на годината традиционално го огранизира американското списание „Green Car Journal“, a името на победникот ќе биде познато за време на авто-саемот во Лос Анџелес кој се одржува од 22-ри ноември до 1-ви декември 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП