1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Mercedes“ се откажа од својот најчуден модел

„Mercedes“ се откажа од својот најчуден модел

„2018 Vision Mercedes-Maybach Ultimate Luxury“ повеќе не постои. Германското деловно издание „Handelsblatt“ објави дека производителот на луксузни автомобили го запре производството на она што требаше да биде кросовер помеѓу седан и теренец.

Идејата на „Mercedes“ за лансирање на ваков модел беше да ги комбинира двата најпопуларни каросериски стилови во Кина и на тој начин да создаде нов сегмент наречен „Sport Utility Sedan“ (SUS). Сепак, концептот навистина делуваше чудно и не беше прифатен многу ентузијастички од публиката.

Изворите на „Handelsblatt“ тврдат дека проектот е напуштен, а одлуката е веќе донесена пред неколку месеци. Така, продукциската верзија нема да го види светлото на денот, иако беше дел од производствените планови на компанијата, а продажбата во Кина требаше да започне во 2025-та година.

Местото на производство на чудниот автомобил е утврдено дека е фабриката на „Mercedes“ во Пекинг, а како основа се користи платформата „EVA2“, на која се изградени моделите „EQE“/„EQE SUV“ и „EQS“/„ЕQS SUV“.

„Mercedes“ призна дека развојот на проектот „SUS“ бил запрен бидејќи автомобилот бил премногу сложен и скап за производство. Претставник на компанијата додаде дека брендот моментално има доволно електрични автомобили за продажба во Кина за да ги покрие сите важни сегменти

„За да ја намалиме сложеноста, решивме да не го продолжиме проектот за возило специфично за Кина базирано на архитектурата EVA2“, коментираат од „Mercedes“.

Концептот „Vision Mercedes-Maybach Ultimate Luxury“ беше електричен автомобил со мотор на секое тркало. Вкупната моќност е 738 ks, а моќноста доаѓа од батериски пакет на подот со употреблив капацитет од околу 80 kWh. Досегот со едно полнење е 340 km, а максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП