3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТри магични намирници за вашето срце: Една сигурно имате во замрзнувачот

Три магични намирници за вашето срце: Една сигурно имате во замрзнувачот

Јадењето одредена храна може да влијае на здравјето на срцето. Досега, неколку студии покажаа дека исхраната во медитерански стил, која содржи многу овошје и зеленчук, интегрални житарки, здрави масти, јаткасти плодови и семки, добро влијае на здравјето.

Диететичарката Викторија Тејлор за „Business Insider“ издвои неколку намирници кои позитивно делуваат на срцето и се препорачува често да се консумираат во исхраната. Освен што се добри за здравјето на срцето, диететичарката истакна и дека тие се подостапна опција во споредба со слична храна.

Замрзнат грашок

Диететичарот советуваше во замрзнувачот секогаш да имате кесичка замрзнат грашок.

„Грашокот е евтин, нема отпад и не бара претерана подготовка освен неговото варење“, рече Тејлор. Таа додаде дека грашокот е добар извор на растителни протеини и содржи витамин Ц, кој помага во заштитата на клетките и ги одржува здрави.

Тoj исто така содржи влакна кои можат да „помогнат да ја намалите апсорпцијата на холестеролот од телото.“

Кикирики

Кикириките се идеална опција за сите оние кои сакаат поздрава алтернатива на колачиња или колачи, но важно е да ги јадат умерено, истакнува диететичарот. Несолените, необложени кикирики се богат извор на незаситени масти, особено мононезаситени масти и содржат влакна, протеини и низа витамини и минерали потребни за урамнотежена исхрана, додава Тејлор.

Масло од репка

Друга храна која диететичарот ја издвои е маслото од репка. За тоа зошто маслото од репка е добра опција, диететичарот истакнува дека е добра опција за здравјето на срцето, особено за оние со ограничен буџет.

Маслото од репка главно содржи мононезаситени масти кои помагаат во заштитата на срцето со одржување на нивото на добриот ХДЛ холестерол, а истовремено го намалуваат нивото на лошиот ЛДЛ холестерол во крвта“, објасни таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП