28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple нема да прави автомобил, имаат „попаметнa работa“

Apple нема да прави автомобил, имаат „попаметнa работa“

Очигледно, Apple по десет години се откажа од развој на електричен автомобил.

Овој проект наводно бил откажан откако Apple одлучил да ги насочи своите ресурси на работа на генеративни системи за вештачка интелигенција, изјавија анонимни извори за Bloomberg.

Изворите велат дека шефовите на Apple им објасниле на вработените дека тимот кој досега работеше на автомобилот, SPG, наскоро ќе биде преместен во одделот за вештачка интелигенција на Apple.

Полека, веројатно, ќе згаснат и останатите тимови кои работеа на развојот на болидот, што не не чуди. Иако компанијата работи на EV со години, тие не покажаа значителен напредок во последните пет години.

Од друга страна, генеративната вештачка интелигенција е растечки пазар на кој Apple несомнено ќе сака да го преземе водството, бидејќи за тоа ќе се бори по компаниите Samsung и Microsoft.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП