4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТТК Банка АД Скопје ќе исплати 108 денари бруто-дивиденда по акција

ТТК Банка АД Скопје ќе исплати 108 денари бруто-дивиденда по акција

Според Предлог одлуката за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивидендата за 2023 година, ТТК Банка ќе исплати бруто 104.283.288 денари.

Дивидендата за 2023 година ќе се исплаќа дел во акции преку издавање емисија на акции по пат на приватна понуда наменета за акционерите, и дел во пари (на платежни сметки на акционерите),сразмерно на учеството на нивните акции во дотогашната основна главнина.

Висината на бруто-дивиденда по акција ќе изнесува 108,00 денари, односно 10,8 % од номиналната вредност на акциите којашто изнесува 1.000 денари.

Висината на бруто-дивиденда по акција ќе изнесува 108,00 денари, односно 10,8 % од номиналната вредност на акциите којашто изнесува 1.000 денари и тоа 76 денари бруто-дивиденда во акции по пат на приватна понуда наменета за акционерите и 32 денари бруто-дивиденда во пари (на платежни сметки на акционерите).

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2023 година е 25.3.2024 година, односно право на дивиденда ќе имаат акционерите регистрирани во акционерската книга на 27.3.2024 година.

Собранието на акционери на ТТК БАНКА АД Скопје ќе се одржи на 29.3.2024 година, а датумот на евиденција според кој ќе се определи листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2023 година е 27.3.2024 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП