21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИМакедонијатурист АД Скопје ја триплираше добивката во 2023 година

Македонијатурист АД Скопје ја триплираше добивката во 2023 година

Друштвото во текот на 2023 година од работењето со хотелски и ресторански услуги како основна дејност како и од други споредни дејности оствари добивка од 96,39 мил. денари која е неколкукратно зголемена во однос на 2022 година кога изнесувала 30,88 мил.денари.

Вкупните приходи за дванаесетте месеци од 2023 год. изнесуваат 412,34 мил. денари и се зголемени за 28,25% додека пак приходите од продажба на Друштвото се зголемени за 32% во однос на истиот период минатата 2022 година.

Вкупните трошоци и расходи од работењето за дванаесетте месеци од 2023 год. изнесуваат 306,12 мил. денари и се зголемени за 5% во однос на 2022година.

Од компанијата велат дека финансиски показатели како што се степенот на финансиска сигурност, степенот на самофинансирање и општата ликвидност на Друштвото се на доста високо ниво.

-Со оглед на тоа дека цената на електричната енергија и останатите енергенси е значително зголемена во однос на минатите периоди и нејзиното учество е големо во вкупните трошоци на Друштвото, Друштвото превзема низа мерки со цел намалување на негативните ефекти од зголемувањто на трошоците. Една од најзначајните мерки е инвестициската активност за поставување на фотонапонски централи на дел од Подружниците. Со оваа инвестициска активност се очекува да се намали негативниот ефект од зголемената цена на електричната енергија во наредните периоди, велат од компанијата.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП