2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЛошата продажба на компјутери го погоди IBM

Лошата продажба на компјутери го погоди IBM

ibmmm

Приходите на „IBM“ паднаа за 4 проценти во третиот квартал во 2013-та година, што е полошо од предвидувањата на „Wall Street“. Загубите се резултат на постојаното опаѓање на компјутерскиот пазар, како и слабите резултати на пазарите во развој, како Кина и Индија.

Во сегментот на „IBM“ за системи и технологија во третиот квартал од оваа година, приходите изнесуваат 3.2 милијарди долари, што е 17 проценти помалку во однос на истиот период од 2012-та година. Во сегментот „Систем Х“, приходите се намалени за 18 проценти, а во сегментот „Power Systems“ за 38 проценти.

Најголемо намалување во однос на хардверот, „IBM“, доживеа на кинескиот пазар, а тоа се должи на новите и сеопфатени економски мерки имплементирани од страна на кинеската влада, се со цел да се намали зависноста од странски добавувачи. Резултатот од овие мерки е, пад на приходите од хардверот кој изнесува 44 проценти, а вкупниот пад во работењето на компанијата е од 22 проценти.

Но, се очекува во почетокот на 2014-та година ситуацијата да се стабилизира, па тогаш продажбата во Кина повторно да продолжи.

Приходите од Северна и Јужна Америка изнесуваат вкупно 10.3 милијарди долари, што е помалку за еден процент во истиот квартал од минатата година. Приходите во Европа, Блискот Исток и Африка пораснале за 1 процент на износ од 7.3 милијарди долари, додека приходите во Азија забележаа пад од 15 проценти или на износ од 5.5 милијарди долари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП