1 мај, 2024
ПочетнаСВЕТУнгарија го одобри влезот на Шведска во НАТО

Унгарија го одобри влезот на Шведска во НАТО

Унгарскиот парламент во понеделникот го одобри законот со кој и се дозволува на Шведска да се приклучи на НАТО, конечно отворајќи го патот на нордиската земја да се приклучи на западната одбранбена алијанса додека беснее војна во Украина.

Унгарија беше последната од 31-та членка на алијансата што го ратификуваше членството на Шведска по неколку месеци одолговлекување од страна на владејачката партија Фидес по ова прашање.

Премиерот Виктор Орбан во понеделникот во парламентот, пред гласањето, рече дека шведско-унгарската одбранбена соработка и приемот на Шведска во НАТО ќе ја зајакнат безбедноста на Унгарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП