1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТојота отповика 885.000 возила

Тојота отповика 885.000 возила

camry

Тојота ќе повлече од пазарот 885.000 автомобили за да го реши проблемот кој може да предизвика течење на вода од клима уредот.

Во соопштението се наведува дека водата би можела да навлезе до модулот на воздушното перниче и да предизвика негово откажување или активирање.

Од компанијата истакнуваат дека во неколку случаи, последиците може да се почуствуваат и во работата на системот за управување.

Моделите кои ќе бидат опфатени во оваа акција се „Camry“, „Camry Hybrid“, „Аvalon“, „Аvalon Hybrid“ и „Venza“ произведени во 2012-та и 2013-та година.

Околу 847.000 автомобили ќе бидат отповикани во Северна Америка, а останатиот дел се во Европа, Азија и на Блискиот Исток.

Портпаролот на Тојота изјави дека компанијата добила извештаи за два случаи на лесно повредени лица поради овие проблеми, но не ги објави извештаите за несреќите.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП