6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолкава дивиденда ќе подели Комерцијална банка за 2023 година

Колкава дивиденда ќе подели Комерцијална банка за 2023 година

Според Предлог-одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка за 31.12.2023 година, Комерцијална банка АД Скопје планира да подели по 910 денари бруто дивиденда за 1 обична акција.

Акционерите на банката ќе земат нето дивиденда на износ од 819 денари или 4,90 отсто во однос на пазарната цена на акцијата.

Собранието на акционерите на Комерцијална банка АД Скопје е закажано за на 27.03.2024 година, а датумот на евиденција според кој ќе се определи листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2023 година е 11.04.2024 година.

Последен ден на тргување со акциите со право на дивиденда за 2023 година согласно предложената одлука е 08.04.2024 година.

Исплатата на дивидендата за 2023 година се предлага да започне од 25.04.2023 година.

Комерцијална Банка АД Скопје од своето работење лани оствари нето добивка во износ од 3.581,4 милиони денари или околу 58 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП