2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТАмериканците скептични: Бајден и Трамп се ментално неспособни за втор мандат

Американците скептични: Бајден и Трамп се ментално неспособни за втор мандат

Американските гласачи се претежно скептични дека претседателот Џо Бајден е ментално способен за втор мандат, а повеќето мислат дека не е ниту неговиот најверојатен противник на изборите, Доналд Трамп, покажува истражувањето на Универзитетот „Квинипијак“, чии резултати беа објавени денеска.

Според ова истражување, 64 отсто од испитаниците рекле дека Бајден (81) не е ментално способен за втор мандат, а 51 отсто се изјасниле за Трамп (77).

Анкетата исто така покажа дека Бајден води пред Трамп со четири процентни поени, а две третини од гласачите сметаат дека Бајден е премногу стар за нов мандат.

81-годишниот Бајден, чија ментална острина е под лупа по извештајот на специјалниот советник Роберт Хур овој месец, кој го карактеризира како постар човек со слаба меморија, ја отфрла загриженоста за неговата меморија и не дава никакви индикации дека може да се повлече од кампањата за реизбор.

Анкетата на „Југов“ за „Економист“, чии резултати исто така беа објавени во средата, покажа дека Бајден е еден процентен поен зад Трамп. Многу други анкети покажуваат дека Трамп е во поголемо водство. Но, изборите се одржуваат во ноември и јавното мислење дотогаш може многу да промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП