2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Google Play Store“ го менува начинот на кој пристапуваме до апликациите

„Google Play Store“ го менува начинот на кој пристапуваме до апликациите

Google“ развива нова функција која ги истакнува апликациите врз основа на вашите поставки на „Play Store“.

Корисниците ќе можат да видат апликации за кои „Google“ мисли дека се корисни за нив, а овие предлози се направени врз основа на вештачка интелигенција, а целта е да се промени начинот на кој доаѓаме до апликациите што ги сакаме.

Во суштина, функцијата „Highlights“ напојувана со вештачка интелигенција дава приспособени предлози за корисниците врз основа на нивните навики за користење, преференции и интереси.

„Google“ користи алгоритми за машинско учење за да анализира огромни количини на податоци и да препорача апликации кои веројатно ќе бидат интересни за корисниците.

Како што објави еден корисник на „Х“, во сегментот „App Highlights“ можете да допрете на апликација и ќе добиете преглед на она што го добивате од неа.

Поголемиот дел од содржината е за она што можете да очекувате да го видите кога ќе ја преземете апликацијата, со вклучени функции како пренос во живо и пораки. Се разбира, „Google“ во моментов го тестира ова со одредена група на корисници, а тие не открија ништо за тоа кога функцијата ќе се појави кај повеќе луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП