1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПрвиот паметен телефон со 4K HD дисплеј

Првиот паметен телефон со 4K HD дисплеј

hd full

Поголемиот број од паметните телефони веќе почнаа да се нудат со „Full HD“ екрани, но за кинеската компанија „Vivo“ тоа не е доволно. На нивниот официјален профил на кинескиот конкурент на „Facebook“ – „Weibo“, компанијата го претстави својот нов паметен мобилен телефон кој се одликува со „4K HD“ дисплеј.

Кажано на друг начин, неговата резолуција е 4 пати поголема од онаа на „Full HD“ и достигнува 2560х1440 пиксели. Смартфонот го носи името „Xplay 3S“, но од компанијата не откриваат со каква дијагонала на екранот е. Според интернет изданието „Engadget“ станува збор за 5,5 -инчен екран на „LG“, кој корејскиот производител неодамна најави дека ќе го понуди.

Тоа значи дека густината на пикселите ќе биде 538 ppi, што ќе треба да се одрази во доста импресивен квалитет на сликата.

Компанијата вели дека овој уред ќе го користи процесор „Qualcomm Snapdragon 800“ и ќе има „LTE“ поддршка. За сметка на тоа не ги откриваат останатите спецификации на „Xplay 3S“, ниту кога уредот ќе излезе во продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП