2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРеволуција: Доаѓа телефон без апликации, што мислите?

Револуција: Доаѓа телефон без апликации, што мислите?

Претстојниот „MWC“ ќе ни донесе многу иновации, а еден од нив би можел да биде многу необичен тип на мобилен телефон.

Мнозинскиот акционер на компанијата „Т-Mobile“, „Deutsche Telekom“, посочи дека наскоро во Барселона би можел да претстави телефон кој воопшто нема апликации, туку се потпира на вештачка интелигенција.

„Deutsche Telekom“, „Qualcomm“ и „Brain.ai“ ги здружија силите за да го создадат овој уред наречен „T Phone“. Телефонот најверојатно ќе се напојува со процесор Snapdragon 8 Gen 3 со вградена „AI“ обработка.

„Qualcomm“ го претстави овој „ѕвер“ на крајот на минатата година, а целта е да ги подобри вештините на вештачката интелигенција на мобилните уреди, особено кога станува збор за фотографии и видеа.

„Вештачката интелигенција и големите јазични модели (LLM) наскоро ќе бидат составен дел на мобилните уреди. Ќе го подобриме животот на корисниците“, велат од „Deutsche Telekom“.

Веројатно не се далеку од вистината – последните година-две се обележани со навлегувањето на вештачката интелигенција во секоја пора на технологијата, што особено се одразува на растот на популарноста на „ChatGPT“.

Уредот може да прави работи како да резервира летови и хотели, на пример, а со помош на гласовни команди можете да го „нарачате“ за да го планирате вашето следно купување, да правите видеа или да уредувате фотографии.

Ова е секако интересен концепт – ќе биде интересно да се види како изгледа телефонот без апликации, со оглед на тоа што денес е тешко да се замисли секојдневието без нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП