1 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАИ лебот почнаа да го бојат за да личи на интегрален

И лебот почнаа да го бојат за да личи на интегрален

Црниот или ‘ржан леб е посебно популарен меѓу луѓето кои се грижат за линијата и кои се држат до правилната исхрана.

Таквиот леб би требало да се произведува од цело пченично брашно, кое содржи повеќе влакна, минерали и витамини од обичното брашно.

Но, дали навистина купувате црн леб или пекарите ве мамат секое утро?

Според некои извори, некои пекари во Македонија во црниот леб му додаваат какао или вештачки бои за да го направат поцрн и да го прелажат потрошувачот дека купува интегрален леб.

Ова не само што го намалува квалитетот на лебот, туку и може да има негативни последици за здравјето на луѓето кои се алергични на некои од состојките.

Еден од таквите луѓе е и Маријан Најдовски од Кисела Вода, кој се жали дека лекарот му наложил да се храни исклучиво со црн интегрален ‘ржан леб, а таков, како што вели, ретко се наоѓа во пекарниците.

„Секој ден морам да шетам по разни пекарници за да најдам вистински црн леб, бидејќи скоро секаде пекарите додаваат какао во белиот леб или го бојат со нешто. Еднаш купив леб кој изгледаше црн, ама кога го ставив во вода, се распадна и почна да ја губи бојата. На крајот излезе дека имал какао и прехранбена боја во себе. Јас сум алергичен на тие работи и морав да одам на лекар”, вели Најдовски.

Како да препознаете дали навистина купувате црн леб или пекарите ве излажале?

Еден од начините е да ставите кришка леб во вода и да видите дали ќе ја загуби бојата или ќе остане црна.

Друг начин е да го вкусите лебот и да видите дали има вештачки вкус или нешто друго. Ако се сомневате дека лебот не е автентичен, најдобро е да го избегнувате или да го купувате од проверени продавници.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП