2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Volkswagen ID.7 Tourer“: Првиот 100% електричен караван на „VW“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Volkswagen ID.7 Tourer“: Првиот 100% електричен караван на „VW“ (ФОТО/ВИДЕО)

Дојде моментот за светската премиера на новиот предводник на германскиот гигант – дебитираше „Volkswagen ID.7 Tourer“.

Тоа е еден од првите 100% електрични каравани автомобили во високата средна класа, тврдат од „VW“, додавајќи дека имаат и модел „Passat“ во истиот сегмент.

„ID.7 Tourer“ е долг 4.961 mm, широк 1.862 mm и висок 1.536 mm. Растојанието помеѓу оските е 2.971 mm.

Се наведува дека се работи за караван со капацитет за багаж од 605 литри и дека затоа е „идеален особено за семејства и за долги патувања“. Тоа значи дека капацитетот е за 73 литри повеќе од хечбек верзијата. Максималниот капацитет е 1.714 литри со склопени седишта.

Максималниот домет на „VW ID.7 Tourer“ е 685 километри според стандардот „WLTP“, а кога станува збор за капацитетот на батеријата, зависи од верзијата.

Во самото срце на овој караван се наоѓа електромотор кој е доволен за 282 ks и 545 Nm максимален вртежен момент. Верзијата „Pro“ има батерија со капацитет од 77 kWh, додека верзијата „Pro S“ има батерија со капацитет од 86 kWh, заедно со веќе споменатиот опсег.

Доколку се одлучите за помала батерија ќе имате максимална моќност на полнење од 175 kW, додека со поголема е 200 kW. Како и да е, батерија од 10% до 80% може да се полни за 30 минути. Тркалата се движат од 19 до 21 инчи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП