28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали автопатот Кичево – Охрид станува „новото“ децениско предизборно ветување - пруга...

Дали автопатот Кичево – Охрид станува „новото“ децениско предизборно ветување – пруга до Бугарија ќе има?!

На неполни три месеци до изборите политичките опоненти во своите говори повторно во приоритените точки ги ставаат инфраструктурните проекти. Проектот кој веќе 10 години е во ек на реализација и не се знае кога ќе финишира е добро познатата автопатска делница Кичево – Охрид.

Го започна власта на ВМРО-ДПМНЕ, го наследи СДСМ и сега и двете страни се обидуваат да придобијат гласови од овој проект кој започна да се гради во 2014, а до сега не се изгради ни ниту две третини од предвидените градежни работи. На неколку пати се потпишуваат анекси за пролонгирање на рокот и изнаоѓање на нови финансии што значи и практично зголемување на цената, но никој како по навика за тоа не поднесе лична одговорност.

Од опозициската партија ВМРО ДПМНЕ сега велат дека кога ќе дојдат на власт на пролет веднаш како приоритет ќе им биде автопатот Кичево Охрид и тој ќе биде пуштен во сообраќај за многу кусо време, без одлагање и без никакви проблеми. Тие ја обвинуваат владата дека за доцнењето на автопатот Кичево Охрид се виновни актуелните власти кои според нив не прикажувале реална состојба на работите, туку во прашање биле само тендери и криминални зделки кои на поединци ќе донесат материјална корист. Од ВМРО ДПМНЕ велат и дека актуелната власт додека била во опозиција ветувала раст и развој на државата кога таа ќе биде носител на политиките, но од тоа ништо велат опозиционерите и додаваат дека наместо подобрување на состојбите Мкедонија доживеа огромна стагнација и назадување во речиси сите сегменти на живеењето.

„Во 2014 година се отпочна со работа патната делница Кичево- Охрид и до 2016 се направи пробивање на патот за околу 55 проценти. За жал наназад кога ќе гледаме ќе видиме дека од 2016 воопшто ништо не е сработено, бараа разни образложенија. Бараа изговори, но вие ќе видите дека таму има корупција не работа, има менување на подизведувачи и тоа е причината, не работата и криминалот зошто не е завршена делницата“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Автопатот Кичево – Охрид ќе биде изграден, уверуваат од власта. Без да дадат сега нов конкретен рок, велат дека оваа градежна сезона е клучна и дека ќе се завршат сите проблематични точки. Сега според информациите се бараат експерти кои треба да ги решат слечиштата на дел од трасата кои се појавуваат по трет пат. Како и да е велат дека механизацијата и работната сила е секојднево на терен, а преку ден се активни неколку стонити работници кои работат на трасата. Од Владата велат опозицијата се обидува да манипулира, и заборава каков проблематичен проект остави кога си заминуваше од Илинденска број два. Велат подобро да молчат бидејќи ваков непрофесонален проект немало во ниту една држава.

„Треба да се отвори постапка за дополнително проектирање. Голем дел од тие косини се веќе двапати проектирани, сега ќе биде потребна и трето проектирање на иста косина. Тоа секако е нешто клучно за идно безбедно одвивање на сообраќајот“, велат од Владата.

Автопатаот Кичево Охрид започна да го гради владата на Никола Груевски во 2014-та година и првичната цена беше 374 милиони евра. Рокот за изградба на оваа автопатска делница беше 2017 година, од тогаш поминаа седум години. Како образложение на новата власт беше дека проектот бил полн со грешки и недостатоци, па затоа се потребни и нови проектирања кои драстично го пролонгирале финишот на автопатот, но и го поскапеле за двојно од предвидената сума. Сега секоја од партиите го има овој автопат во предизборните ветувања дека кога ќе дојде или остане на власт приоритет ќе биде завршувањето на автопатот од Кичево до Охрид.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП