3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТКолку ја чини Русија војната во Украина?

Колку ја чини Русија војната во Украина?

Речиси две години по почетокот на руската инвазија на Украина, Пентагон објави нови бројки кои откриваат колку војната ја чини Русија.

Според нив, Москва досега издвоила 211 милијарди долари само за воени операции, а уште 10 милијарди се изгубени поради нереализирана продажба на воена опрема на други земји, пренесува Defence News.

Во исто време, треба да се забележи дека Американците веруваат дека Русите изгубиле најмалку 315.000 војници (убиени, тешко повредени, исчезнати и заробени), додека на страницата Орикс се наведува дека Кремљ останал без најмалку 14.424 парчиња тешка воена опрема, вклучувајќи 21 брод, 103 авиони, 135 хеликоптери, 2742 тенкови, повеќе од 1000 хаубици, повеќе од 200 PZO системи…

Овие бројки, кои на новинарите им ги дадоа анонимни американски функционери, на американската јавност треба да и го покажат точно ефектот од воената помош што САД и другите земји му ја дадоа на Киев, пренесува Јутарњи лист. И покрај ова, јасно е дека Русија има многу поголеми ресурси да ја води оваа војна (и човечки и технички) отколку Украина. Имено, според најновите проценки на различни меѓународни институти, Москва располага со материјални ресурси да ја води војната уште најмалку три години, најмногу поради тоа што модернизира огромни количества воена опрема останата од советските залихи. Така, се претпоставува дека само минатата година Русија вратила во функција повеќе од 1.100 тенкови кои биле во различни магацини.

Од друга страна, залихите на Киев забрзано се топат и неговите сили веќе немаат доволно оружје и муниција за да им се спротивстават на руските агресори, поради што се принудени да напуштат некои позиции, како што е градот Авдиивка, кој го држат уште од побуната на руските сепаратисти во Доњецк во 2014 година.

Поради оваа причина, американските воени претставници истакнуваат дека пакетот помош од 61 милијарда долари за Украина, кој по гласањето во Сенатот треба да оди и во Претставничкиот дом на Конгресот, е суштински за продолжување на отпорот на Киев кон Путин.

Но, претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Мајк Џонсон, се спротивставува на барањата на администрацијата на Бајден и голем број демократски и републикански сенатори да го стават пакетот на гласање, кој вклучува десетици милијарди долари помош и за Израел и Тајван.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП