27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемата закана за глобалната доминација на доларот би можела да биде американската...

Најголемата закана за глобалната доминација на доларот би можела да биде американската економија

Двајца економисти тврдат дека доминацијата на доларот ќе остане и дека најголема закана за таа доминација е само американската економија.

Имено, поранешниот директор на Меѓународниот оддел за финансии на Централната банка на Соединетите Американски Држави (ФЕД) Стивен Камин и поранешниот економист на американското Министерство за финансии Марк Собел зборуваа за долгорочната светска доминација на доларот.

Доларот е пораспространета валута, како во светската трговија, така и во резервите на централните банки. Камин и Собел веруваат дека тоа најверојатно ќе остане така. Според Банката за меѓународни порамнувања, доларот учествува со 88 отсто од дневната глобална трговија. Според податоците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), доларот сочинувал 55 отсто од сите резерви на централните банки во третиот квартал од минатата година, многу повеќе од која било друга валута.

Некои предупредија дека ривалската валута наскоро би можела да го смени доларот. БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) прават големи напори да го повлечат доларот од трговијата, додека Русија и Кина предложија создавање на нова валута за спротивставување на доларот.

Сепак, овие напори изгледаат прилично безопасни во споредба со заканите што постојат во самите САД. Камил и Собел изјавија дека постои опасност од сериозно влошување на финансиската и економската состојба во САД.

„Со оглед на политичката поларизација на земјата, нефункционалноста на Конгресот и незаинтересираноста на сите политичари за ограничување на растечкиот буџетски дефицит, ова е тешко да се замисли“, истакнаа Камин и Собел, анализирајќи ги изгледите за симнување од тронот на доларот од светскиот престол.

Според нив, ако резултатот е континуиран пораст на инфлацијата, потиснување на приватните инвестиции, зголемување на финансиската нестабилност и намалување на динамиката на американската економија, тогаш губењето на доминацијата на доларот ќе биде најмала нивна грижа. Дополнително, тие сметаат дека блоковската поделба на државите претставува ризик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП