1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКолку заработува Маск за една секунда: Само кај Тесла сумата е фасцинантна

Колку заработува Маск за една секунда: Само кај Тесла сумата е фасцинантна

Илон Маск, еден од сопствениците на Тесла, е вториот најбогат човек во светот. Позицијата на Маск произлегува од неговата вклученост во технолошки, иновативни и претприемачки потфати.

Податоците собрани од Финболд покажуваат дека од средината на февруари 2024 година, нето вредноста на Маск била пријавена на 198,9 милијарди долари.

Нето вредноста на Маск се одредува според неговиот сопственички удел во различни компании: 20,5% во Tesla, 54% во Starlink, 42% во SpaceX, околу 74% во социјалната мрежа X (поранешен Twitter), над 90% во The Boring Company, 25% во xAI и повеќе од 50% во Neuralink.

Од сите наведени компании, само профитот на Tesla во 2023 година е јавно достапен, кој изнесува 17,66 милијарди долари. Врз основа на неговиот удел од 20,5 отсто во Tesla, Маск заработил 3,62 милијарди долари од компанијата, пишува Revijahak.

Колку чини во секунда, на час, дневно, неделно… Значи, тоа е приближно 114,80 долари во секунда, 6.887 долари за минута, 413.220 долари на час, 9.917.280 долари дневно и 69.420.960 долари неделно, а ние зборуваме само за заработката од Тесла…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП