3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТТрамп казнет за измама во Њујорк, треба да плати 364 милиони долари

Трамп казнет за измама во Њујорк, треба да плати 364 милиони долари

Поранешниот претседател Доналд Трамп, неговото семејство и неговата компанија денеска беа казнети со речиси 364 милиони долари за граѓанска измама во Њујорк.

Одлуката ја донесе судијата Артур Енрогон на судењето за граѓанска измама на Доналд Трамп во Њујорк. Јавниот обвинител на Њујорк Летиција Џејмс бараше 370 милиони долари незаконски стекнати добивки од Трамп и сообвинетите, тврдејќи дека поднел лажни финансиски извештаи што му овозможиле да добива заеми и полиси за осигурување по поевтини стапки.

Случајот оди во срцето на имиџот на Трамп како успешен милијардер и вклучува наводи за измама поврзани со неговиот стан во кулата Трамп, имотот Мар-а-Лаго и неколку терени за голф, меѓу другото.

Поранешниот претседател сведочеше за време на судењето и ги критикуваше судијата и обвинителот, тврдејќи дека не направил ништо лошо и дека бил прогонуван од политички противници.

Од друга страна, на истото судење беше одлучено дека неговите полнолетни синови Доналд Џуниор и Ерик, мора да платат по 4 милиони долари откако судијата Артур Енгорон ги прогласи за одговорни за повеќекратни точки за измама.

Енгорон веќе пресуди дека Трамп и неговите сообвинети биле вмешани во измама и наредил откажување на сите деловни сертификати што ги поседуваат во Њујорк, акција што останува во очекување на жалбата на Трамп.

Пресудата ќе се однесува на шест дополнителни точки од обвинението против некои или сите обвинети, вклучувајќи заговор, издавање лажни финансиски извештаи, фалсификување деловни книги и измама во осигурувањето.

Јавниот обвинител на Њујорк, исто така, побара од судот да им забрани на Трамп и на некои од неговите сообвинети да се занимаваат со недвижен имот во Њујорк и да аплицираат за заеми од државните регистрирани банки, меѓу другите ограничувања што би можеле значително да влијаат на него и неговата компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП