27 април, 2024
ПочетнаСВЕТПочина Алексеј Навални, најголемиот критичар на режимот на Владимир Путин и Кремљ

Почина Алексеј Навални, најголемиот критичар на режимот на Владимир Путин и Кремљ

Денеска почина големиот критичар на режимот на Кремљ и Владимир Путин, јавуваат светските медиуми повикувајќи се на сигурни извори. Скај њуз ја објави информацијата повикувајќи се на извори од затворот.

Инаку, последните информации велат дека Навални се наоѓа во казнена колонија во областа Јамал-Ненец во Русија, изјави во понеделник неговата портпаролка Кира Јармиш.

Навални, познат критичар на Кремљ, беше отстранет од казнената колонија ИК-6 во Владимирската област, источно од Москва, на почетокот на декември. Неговите соработници оттогаш постојано изразуваа загриженост, наведувајќи дека немаат информации каде се наоѓа.

Во август, тој беше осуден на дополнителни 19 години затвор, покрај единаесет и пол години што веќе ги одлежа.

Во 2021 година, Навални доброволно се врати во Русија од Германија, каде што се лекуваше од труење со нервен агенс. Неговите поддржувачи го споредуваат со покојниот јужноафрикански лидер Нелсон Мандела, а руските власти го гледаат како екстремист поврзан со ЦИА кој сака да ја дестабилизира Русија.

Инаку, руското Министерство за внатрешни работи распиша потерница по Олга Михајлова, адвокатка на затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, откако таа беше обвинета за екстремизам во отсуство, пренесува РИА, повикувајќи се на Ројтерс.

Михајлова минатиот месец рече дека таа веќе ја напуштила Русија до објавувањето на обвинувањата.

Уште тројца адвокати на Навални беа уапсени во октомври под сомнение дека припаѓаат на „екстремистичка група“.

Поддржувачите на Навални велат дека властите ги апсат неговите адвокати за да го изолираат што е можно повеќе во затвор, каде што издржува казна од повеќе од 30 години.

Навални беше префрлен во казнена колонија северно од Арктичкиот круг во регионот Јамал-Ненец, на околу 1.900 километри североисточно од Москва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП