1 мај, 2024
ПочетнаСВЕТНАТО ѝ вети на Украина милион дронови: Вкупна воена поддршка од членките...

НАТО ѝ вети на Украина милион дронови: Вкупна воена поддршка од членките на Алијансата 100 милијарди долари

Група земји-членки на НАТО одлучија да испорачаат еден милион дронови на Украина, објави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Групата сојузници на НАТО заеднички ја реализира целта за испорака на еден милион беспилотни летала во Украина. Дополнително, 20 сојузници се согласија да учествуваат во коалицијата за деминирање“, рече Столтенберг по состанокот на министрите за одбрана на земјите од Алијансата.

Тој додаде дека сите земји на НАТО испорачуваат околу 99 отсто од воената помош што ја добива Украина, а вкупната воена поддршка за Украина од членките на НАТО достигнува 100 милијарди долари.

Столтенберг објави и дека НАТО одлучил да отвори заеднички центар со Украина во Полска.

„Денеска донесовме одлука да формираме заеднички центар на НАТО и Украина за анализа, тренинг и обука во Полска“, објави тој.

Како што истакна, украинските војници ќе имаат можност да го споделат искуството стекнато за време на настаните во Украина, а ќе можат и да се обучуваат и да поминат обука „заедно со колегите од НАТО“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП