2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДали „стариот лисец“ знае нешто што никој друг не го знае? Бафет...

Дали „стариот лисец“ знае нешто што никој друг не го знае? Бафет ги намали инвестициите во Apple, продаде 10 милиони акции

Инвестицискиот фонд Berkshire Hathaway на милијардерот Ворен Бафет го намали својот удел во технолошката компанија Apple откако продаде 10 милиони акции на компанијата во четвртиот квартал од 2023 година.

Оваа информација доаѓа од документ објавен на официјалната веб-страница на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC).

Berkshire Hathaway, во сопственост на Ворен Бафет, сè уште поседува повеќе од 905 милиони акции на Apple по оваа продажба, во вредност од приближно 174 милијарди долари.

Акциите на Apple се зголемија за 367 отсто од 2018 година, но стапката на раст неодамна почна да заостанува зад другите технолошки корпорации.

Вредноста на акциите на Apple дури од почетокот на годината падна за четири отсто.

Бафет е познат во круговите на инвеститорите како „лисец“, односно како добар познавач на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП