30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовиот Windows 8.1 oд денес е достапен во Windows Store

Новиот Windows 8.1 oд денес е достапен во Windows Store

window 81

„Windows 8.1“ денеска се појави во „Windows Store“ на „Microsoft“. Обновувањето на оперативниот систем првично ќе биде достапно само за сопствениците на „Windows 8“.

Од утре ќе почне и продажбата на новата верзија за сите останати и таа целосно ќе го замени својот претходник „Windows 8“. Новата платформа ќе биде достапна на компјутерите и таблетите, а ќе се појави и на уредите со мали екрани до околу 7 инчи.

Меѓу новините на „Windows 8.1“ се повеќето можности за персонализација на новиот интерфејс. Тој ќе може да се менува според изборот на корисникот и ќе обезбеди можност за повеќе поставки и промена на позадината на сликата.

Се враќа и копчето „Start“. Тоа сепак нема да го отвора класичното мени, туку само ќе го насочува корисникот на новиот интерфејс. Надежите на „Microsoft“ се дека така корисниците ќе почнат почесто да користат и него.

Сепак се воведува и можност за вклучување на „Windows“ директно во класичиот десктоп интерфејс, ако корисникот го сака тоа. Стандардно, сепак повторно прво ќе ве поздравува т.н.  „Modern UI“ или новиот почетен екран со плочки.

Повеќето од вградените апликации во „Windows 8.1“, исто така добиваат нови функции. Галеријата за слики што се дели со „Facebook“ и „Flickr“, добива можност за уредување на слики. Апликацијата за преземање на слики (за уреди со вградени камери) исто така ќе нуди повеќе опции.

Повеќето од подобрувањата во „Windows 8.1“ не се видливи со голо око и содржат бројни оптимизации, како на софтверот и начинот на работа. Виртуелната тастатура е со малку изменета и со подобрен дизајн, интеграција на облак услугите „SkyDrive“ е доста широка и корисникот веќе може да распореди три или повеќе апликации од новиот интерфејс на еден екран, ако резолуцијата на екранот го дозволува. „Internet Explorer 11“ исто така ќе нуди некои мали, но корисни подоборувања, како неограничен број табови со можност за нивно пренесување од еден „Windows“ уред на друг.

Обновувањето ќе биде бесплатно за корисниците на „Windows 8“ и ќе може да биде симнато од „Windows Store“. За останатите корисници се задржуваат цените, по кои се продаваше сегашната верзија на оперативниот систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП