2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва е „Nissan Juke“ за 2024-та година (ФОТО)

Ова е „Nissan Juke“ за 2024-та година (ФОТО)

„Nissan“ го откри моделот „Juke“ за 2024-та година, во обид да го најде своето место под сонцето кога станува збор за сегментот на мали теренци.

Надворешноста горе-долу остана иста, но внатрешноста е значително подобрена со поголем инфозабавен екран заедно со дополнителни детали кога станува збор за дизајнот.

Најголемата промена е дијагоналниот дисплеј од 12,3 инчи кој се наоѓа на врвот на малку редизајнираната контролна табла, а е навален кон возачот.

Стандардно е вклучен многу поголем дисплеј и може да се комбинира со новата табла со инструменти.

Надградениот инфозабавен систем поддржува безжичен Android Auto/Apple CarPlay и има вграден систем за препознавање глас. Исто така, седиштата се редизајнирани, а секој патник сега има безжично полнење на телефонот и USB-C влез.

Што се однесува до надворешноста, промените се претежно козметички – новата палета на бои и новите 19-инчни тркала го комплетираат редизајнот. Во „N-Sport“ варијантата донесоа црн покрив, тркала и многу други детали.

Добрата вест е што се врати жолтата боја која не е достапна од првата генерација на „Juke“, а од „Nissan“ велат дека тоа е затоа што клиентите нон-стоп бараат да се направи „Juke“ повторно „жолт“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП