2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТНАТО се вооружува како никогаш досега во историјата

НАТО се вооружува како никогаш досега во историјата

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска објави нови податоци за одбранбените распределби на членките на НАТО, кои покажуваат голем пораст во однос на претходниот период.

Столтенберг пред средбата на министрите за одбрана на земјите членки изјави дека од 2014 година европските сојузници САД и Канада дополнително потрошиле повеќе од 600 милијарди долари за одбрана.

„Во 2023 година видовме реално зголемување од 11 отсто на трошоците за одбраната, што е раст без преседан“, рече Столтенберг.

Тој додаде дека очекува 18-те сојузници да потрошат 2 отсто од БДП за одбрана во 2024 година, што е шесткратно зголемување од 2014 година кога само тројца сојузници ја исполнија целта.

„Во 2024 година сојузниците на НАТО во Европа ќе инвестираат вкупно 380 милијарди американски долари во одбраната. Навистина напредуваме. Европските сојузници трошат повеќе. Сепак, некои сојузници имаат уште долг пат да поминат. Затоа се договоривме на Самитот во Вилнус дека 2 проценти вложување треба да биде минимум“, објасни тој.

Инаку, во 2014 година НАТО сојузниците во Европа вложија 1,47 отсто од заедничкиот БДП во одбраната. Тој број растеше со текот на годините и треба да достигне 2 отсто во 2024 година.

„Во изминатите неколку месеци НАТО склучи договори во вредност од десет милијарди долари“, рече Столтенберг.

На средбата во Брисел министрите ќе се занимаваат и со обезбедување средства за новите одбранбени планови на НАТО.

„Во моментов ги тестираме овие планови преку вежбата Steadfast Defender, најголемата вежба на НАТО во последните децении“, рече првиот човек на алијансата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП