2 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАИст Гејт Мол излезе со соопштение поврзано со пожарот

Ист Гејт Мол излезе со соопштение поврзано со пожарот

Ист Гејт Мол излезе со соопштение поврзано со информацијата за пожарот кој се случи денес. Подоле ви го пренесуваме во целост.

“Почитувани медиуми,

во врска со информацијата за пожар кој се случи денес во трговскиот центар Ист Гејт Мол во 9 часот и 30 минути, би сакале да Ве информираме дека техничките служби на трговскиот центар заедно со пожарникарските служби на терен го локализираа пожарот и навремено го спречија неговото ширење. Согласно утврдените процедури на трговскиот центар за ваков тип на ситуации беа активирани системите за заштита од пожар и вработените во трговскиот центар беа евакуирани.

Како резултат на навремената реакција на службите нема повредени лица ниту е причинета голема материјална штета.

Настанот се случи во време кога трговскиот центар се уште не е оперативен и нема посетители.
Во моментов се врши увид за причините од страна на надлежните органи.

По завршување на увидот, трговскиот центар ќе продолжи со работа со редовно работно време”, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП