2 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАОдењето на бербер станува луксуз – сè повеќе мажи се шишаат во...

Одењето на бербер станува луксуз – сè повеќе мажи се шишаат во домашни услови

Граѓаните кои сакаат да се шишаат во берберница, односно во машка фризерница, отсега ќе мора да платат двојно повеќе од досегашната цена на услугата.

Имено, од почетокот на февруари, цената на едно најобично шишање во главниот град се зголеми од 150 на 300 денари, што предизвика незадоволство кај многумина.

Денар разговараше со еден од берберите кој ја подигна цената, а чија фризерница се наоѓа во населбата Влае.

Тој вели дека бил принуден да ја зголеми цената поради општите трошоци за живот, скапата струја, киријата и други давачки.

„Не можам да работам за џабе. Струјата ми е 10.000 денари месечно само за дуќанчето. Киријата изнесува 15.000 денари, а да не ја забораваме платата што морам да ја уплатам за себеси, набавките на материјали, средства за хигиена… Ако продолжам да шишам за 150 денари, ќе морам да затворам”, вели берберот.

Локалниот бербер во скопската населба Волково уште лани во септември ја зголеми цената на услугите.

„Струјата и киријата ми се зголемени за 50% во последните две години. Ако не ја зголемам цената за шишање, ќе морам да го затворам дуќанот. Особено е тешко во зимските месеци кога е потребно греење, а се греам на инвертер клима и плаќам високи сметки за стрја. Исто така, до преклани киријата изнесуваше 50 евра, а сега е 120 евра. Животот стана премногу скап, па ние мораме да се прилагодиме на новата реалност ако сакаме да преживееме“, ни изјави тој.

Но, не сите наши сограѓани се подготвени да плаќаат повеќе пари за својот изглед.

Еден од нив е Дејан Марковски, кој се жали дека шишањето во берберница станува луксуз и дека во последно време почнал да се шиша сам во домашни услови.

„Не се исплати да давам 300 денари за нешто што можам да го направам сам. Купив машинка за 500 денари и се шишам на две недели. Излегува многу поповолно и побрзо”, вели Дејан.

Според мини-анкетата на нашиот портал, 60% од анкетираните велат дека ќе продолжат да се шишаат во берберница, дури и да платат повеќе, додека 40% велат дека ќе се шишаат дома или кај пријатели.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП