3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНе очекувавте дека ова е најпродаваниот „Android“ во 2023-та

Не очекувавте дека ова е најпродаваниот „Android“ во 2023-та

На пазарот на паметни телефони во 2023-та година доминираше „Apple“, поради што заземаа дури седум од десет места кога се во прашање најпродаваните телефони, покажуваат резултатите од истражувањето на аналитичката компанија „Canalys“.

На листата на најпродавани телефони честа на „Android“ ја одбрани јужнокорејската компанија „Samsung“ која имаше три уреди во Топ 10 за 2023-та година.

Најдобро рангиран беше „Samsung Galaxy A14 4G“, кој се најде на 6-то место. Своето место под сонцето го најдоа и „Samsung Galaxy A54 5G“ (8-мо место) и „Samsung Galaxy A14 5G“ (9-то место).

При гледањето на табелата треба да се истакнат уште две интересни работи – првото место не го зазеде Apple со најновиот „iPhone“ уред, туку со една генерација постар. Исто така, најпродаваниот на „Samsung“ беше „Galaxy A14 4G“, додека неговата 5G верзија заврши неколку места подолу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП