3 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАГраѓаните за да се вратат во државава со стар пасош ќе плаќаат...

Граѓаните за да се вратат во државава со стар пасош ќе плаќаат по 30 евра за патен лист

Граѓаните што ќе сакаат да се вратат во државата, а се затекнати во странство со стар пасош, односно без „северна“, ќе може да го сторат тоа со патен лист што ќе го извадат во дипломатско-конзуларните претставништва на Министерството за надворешни работи.

Ова деновиве го потврди и првиот човек во Министерството за надворешни работи.

Но, на фејсбук-страницата на македонската амбасада во Берлин издадени се инструкции за граѓаните што треба да аплицираат за нови пасоши, но и за патни листови што ќе чинат 30 евра и ќе бидат на трошок на македонските државјани.

Македонската амбасада во Берлин издаде инструкции за граѓаните што треба да аплицираат за нови пасоши, но и за патни листови, кои ќе чинат 30 евра и ќе паднат на трошок на македонските државјани.

Патниот лист, според напишаното, се вади без термин во која било од амбасадите или кој било конзулат и е со важност од 30 дена, односно служи само за враќање во Македонија.

„Ги информираме сите што ќе поднесат барање за нова патна исправа дека времето за издавање нов пасош од денот на поднесување на барањето во просек изнесува 50-75 дена по што пасошите може лично да ги подигнат во ДКП, каде што го поднеле барањето.

Доколку државјаните на Република Северна Македонија, кои престојуваат во странска држава и кои до 12 февруари 2024 година сè уште немаат извадено нов пасош, а имаат намера да аплицираат за издавање пасоши во РС Македонија, тоа може да се вратат во земјата со патен лист, кој се вади без термин, со важност на траење од 30 дена од денот на издавање и служи само за враќање во државата.

Напоменуваме дека при издавањето на патните листови пасошите со старото уставно име Република Македонија да не бидат поништувани. Потребни документи за издавање патен лист: пасош, пополнето барање за издавање патен лист, две фотографии и конзуларна такса 30 евра“, е објавено на страницата на македонската амбасада во Берлин, Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП