9 декември, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАГолеми гужви за вакцинација против голема кашлица во Поликлиниката „Јане Сандански“

Големи гужви за вакцинација против голема кашлица во Поликлиниката „Јане Сандански“

Огромен метеж во Поликлиниката „Јане Сандански“. Се чека најмалку еден час за вакцина против голема кашлица, а редови има до влезот на поликлиниката.

Пунктовите на кои може да се изврши вакцинација, по препорака на Комисијата за заразни болести, работат и втора смена преку работната недела, а децата може да се вакцинираат и в сабота до 14 часот.

Според последните информации на Институтот за јавно здравје од 8 февруари, во државата се регистрирани вкупно 22 случаја на голема кашлица.

Во однос на место на живеење покажува дека најголем број лица живеат во Скопје – 16 (73 %) во осум општини, 3 лица живеат во Куманово, 2 во Гостивар и еден во Боговиње, Тетово.

Заболените лица се на возраст од 1 месец до 23,5 години (медијана 2,5 години). Најголем број заболени се деца на возраст до 4 години, односно 9 случаи (40,9 %) припаѓаат на возрасната група под 1 година, а 8 (36,4 %) се деца на возраст од 1 до 4 години.

Првиот пријавен случај е на 5.1.2024.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП