2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЧекате поевтин „iPhone“? Добри вести доаѓаат

Чекате поевтин „iPhone“? Добри вести доаѓаат

„Apple“ неколку пати се предомисли за телефоните од серијата „SE“. Ова се најевтините модели на „iPhone“ кои носат одреден компромис бидејќи, иако телефоните доаѓаат со моќен хардвер, во споредба со поскапите модели, имаат постар дизајн, мал екран, полоши камери итн.

Иако некое време се чинеше дека можат целосно да престанат да продаваат вакви телефони, се чини дека „Apple“ сѐ уште ја подготвува четвртата генерација на „iPhone SE“ уреди, а што можеме да очекуваме од овој телефон дознавме неодамна.

Се разбира, ова не е официјална информација, туку гласини кои доаѓаат од луѓе запознаени со плановите на компанијата. Според тие планови, „iPhone SE 4“ треба да се најде во продажба следната година, а дизајнот ќе биде сличен на претстојниот модел „iPhone 16“, додека треба да се нагласи дека има уште многу време до неговото претставување, така што „Apple“ во следните месеци би можело нешто да се промени кога станува збор за дизајнот и функциите.

Она што можеме да го очекуваме е уред со дијагонала на екранот од 6,1 инчи, а интересно е што како кај поскапите модели и овој уред би требало да ја добие опцијата „Dynamic Island“. Како и кај претходните модели од поевтината серија на „Apple“, „SE4“ треба да има само една камера на задната страна. Со оглед на тоа дека сите претходни модели на поевтиниот „iPhone“ имаа напреден хардвер, односно кога беа претставени беа напојувани од најновите генерации на „Apple“ чипови, истото можеме да го очекуваме и за „SE4“. Затоа, треба да се напојува или од чипот од моделот „iPhone 15 Pro“ – тоа е чипот „A17 Pro“ или претстојниот чипсет „A18 Bionic“ што ќе биде инсталиран во моделите „iPhone 16“ и „16 Plus“.

Кон крајот на минатата година за плановите на „Apple“ пишуваше и познатиот аналитичар Мингчи Куо, кој тогаш рече дека новиот модел од серијата „SE“ треба да се базира или на „iPhone 14“ или „16“ и дека ќе има OLED екран и „Apple 5G“ модем. Овој модем треба да се појави за прв пат на конкретниот телефон, а „Apple“ наводно и претходно имал големи проблеми со неговиот развој. Но, се чини дека тие проблеми сега се решени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП