1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе има „тепачка“ за ваучерите за туризам – кој не би сакал...

Ќе има „тепачка“ за ваучерите за туризам – кој не би сакал одмор на државна сметка?!

Министерството за економија спроведува иницијатива за поддршка на работниците со ниски примања.

Имено, вкупно 3.555 ваучери во вредност од 18.000 денари ќе бидат доделени за одмор во домашни туристички капацитети.

Оваа мерка има за цел да овозможи на работниците со ниски примања да се одморат во земјава, а истовремено да се оствари дополнителен приход за туристичките објекти.

Тие кои аплицираат за ваучер мора да имаат нето-приход помал од 50.000 денари. Потврдата за ваучерот ќе може да се користи во период надвор од сезоната, од моментот на добивање до 30 јуни и од 15 септември до 1 декември годинава.

Изборот на објектот во кој ќе се користи ваучерот се прави на посебен список на туристички и хотелски капацитети објавен од Министерството за економија.

Екипата на Денар разговараше со граѓани кои припаѓаат на групата која има право да аплицира за туристички ваучер.

Ана Ѓорѓиевска, 34-годишна продавачка од Скопје смета дека ова е одлична иницијатива.

„Со ваучерите, многумина од нас ќе можат да си дозволат заслужен одмор и да го поддржат домашниот туризам“, ни изјави Ѓорѓиевска.

Петар Митревски, столар од Ѓоре Петров, вели дека туризмот во нашата земја заслужува поддршка.

„Се надевам дека ќе успеам да го искористам ваучерот за некое кратко патување со семејството“, посочи Митревски.

Огласот за ваучерите ќе биде објавен во текот на денешниот ден, а работниците со ниски примања може да се пријават и да добијат можност за заслужен одмор на државна сметка.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП